„Во анализата се посочува дека економијата не може да започне да се опоравува од пандемијата. Според истата БДП во првиот квартал од 2021 година падна за 1,9% – што е четврти последователен квартал со пад. Македонија е во рецесија, а со политики на Заев, излезот е се потежок. А заздравувањето на економијата не е ниту на повидок.
Извештајот на Виенскиот институт нотира дека власта троши повеќе отколку што има. Според истиот буџетскиот дефицит во првиот квартал завршил на 4% од БДП. А се нотира и слабата реализација на капиталните расходи, која паднала за 34% под планот.
Извештајот на Виенскиот институт е уште еден црвен картон за владата која не работи ништо, и се занимава само со криминал. Време е за сериозни политики и одговорен пристап. Време е за Македонија за сите луѓе“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.






