недела, 31 мај 2026

Стоилковски: Забрчанец да одговори дали на дневна основа бил во комуникација со директорот на 1ТВ Боки-13

Објавено на

часот

Сподели

Вчера Бојан Јовановски, поранешен сопственик на 1ТВ, директно го посочи Марјан Забрчанец дека тој ги пишувал текстовите и испраќал содржина за вестите на 1ТВ. По 100 пати ми испраќаше текстови и линкови кои мораа да бидат пласирани во етер, напиша Боки-13 во вчерашното писмо до Заев.

„Бојан Јовановски беше сопственик на телевизија на чие што крунисување присуствуваше цела Влада, обвинителство, судство, со еден збор – цело СДСМ. И Јовановски вчера директно посочи дека всушност, содржината на вестите во таа телевизија биле пишувани и уредувани од Владата. Уште повеќе, Бојан Јовановски во отвореното писмо до Зоран Заев наведува за, цитирам – „оние што ги плаќате да ви веруваат и да ве бранат“, како и за, повторно ќе цитирам – „платена пропаганда од твои новинари кои ги раководи Марјан Забрчанец“.

Ова е сериозно обвинување, имајќи предвид за видот, за содржината, за темите и за учесниците во емисиите, но и за уредничкиот состав на таа телевизија, во која секојдневно гостуваа највисокиот државно политички врв, членови на СДСМ. Дали Марјан Забрчанец го раководел Јовановски како што тој сам вели и со тоа ја раководел и 1ТВ? Дали Марјан Забрчанец има листа со новинари коишто ги раководи онака како што пишува Бојан Јовановски?

Ова е сериозно обвинување од сопственик на медиум за чија што близина со членови и врвот на СДСМ, членови од државниот, правосудниот и политичкиот врв е неспорна за кого било во државата. Забрчанец, лице од владините служби, е должен да одговори, прво како владин службеник, а потоа и заради кредибилитетот на медиумскиот простор во којшто и денеска свое место имаат новинарите од уредничкиот колегиум на некогашната 1ТВ.

Евентуалниот молк на Марјан Забрчанец на овие прашања ќе го отворат и прашањето за политичко-судско-обвинителскиот притисок врз новинари и медиуми водени од луѓе кои не се дел од оние, ќе се послужам со зборовите на Бојан Јовановски, „кои ги плаќате да ви веруваат и да ве бранат“, како и, „твои новинари кои што ги раководи Марјан Забрчанец“.

Марјан Забрчанец не смее да молчи по ваква прозивка од сопственик на, според Зоран Заев, провладина телевизија“, изјави денеска Стоилковски          .

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ