„Само со СДСМ и „Најдоброто“ продолжува силниот тренд на инвестициите во атмосферската канализација, како и реконструкција на улиците во општините, локалните и полски патишта, изградба на велосипедски патеки, како и поддршка на инфраструктурата неопходна за развој на алтернативниот туризам. Комуналната инфраструктура ќе остане во фокусот на нашето работење, а општините плански ќе ги зајакнуваат капацитетите на јавните градски претпријатија.
Водејќи се од фактот дека инфраструктурата е моторот на економскиот развој, во изминатите 4 години водевме посебна грижа за локалните патишта и инфраструктурата во општините. Преку Проектот за локални патишта, којшто е дел од тековната соработка со Светска банка и се спроведува преку Министерството за транспорт и врски, седумдесет милиони евра беа наменети да се распределат на сите 80 општини за изградба и санација на локални патишта и улици, како и на друга патна инфраструктура во единиците на локалната самоуправа.
Паралелно, преку проектот „Водоснабдување и одведување отпадни води“, финансиран преку Европската инвестициска банка (ЕИБ), Светска банка, КфВ, ИПА и буџетски средства, а имплементиран преку Министерството за транспорт и врски се фокусиравме на подобрување и на општинската инфраструктура.
Со средства во вредност од 100 милони евра поддржани се сите општини во државата за изградба на подобра инфраструктура за водоснабдување и пречистителни станици. Овој проект ќе продолжи и во иднина преку Министерството за животна средина, со дополнителен фонд средства за поддршка на унапредување на локалната инфраструктура. Овие и уште многу други капитални проекти на централната власт се силен доказ за нашето посветено работење за секоја општина во нашата земја“, соопшти СДСМ.






