Ѕоа требаше одамна да го стоир, се вели во соопштението на ОМД и се додава дека тие остро се спротивставија на т.н. Договор за добрососедски односи со Бугарија, на Преспанскиот договор со Грција и на Законот за употреба на јазиците во Македонија. ОМД јавно ги истакна штетните импликации што ќе ги има донесувањето на секоја од овие мерки врз македонската нација, држава и идентитет.
„Во три различни наврати го повикавме Заев да поднесе оставка: во март 2018 година, откако македонското Собрание го изгласа неуставниот и поделен Закон за јазиците; во јуни 2018 година по потпишувањето на неуставниот Преспански договор; и во септември 2018 година за време на дебаклот на принудниот референдум за промена на името, кој имаше само 36,7% излезност на гласачкото тело.
Заев повеќе пати ја игнорираше волјата на македонскиот народ за неговиот идентитет. Во неговиот последен говор, тој го употреби терминот „прогресивен”, но нема ништо прогресивно во тргувањето со името, историјата и идентитетот на една земја, ниту пак негирање на човековите права на македонскиот народ“, соопшти ОМД.






