„Нашите народни пратеници одбиваат да партиципираат во формалистичкиот театар на шефот на државата, кој ги одмолчи сите национал-шовинистички испади на нашите балкански соседи и божемни европски партнери – за кои, сè почесто, во нивните јавни обраќања, стануваме ‘северномакедонски пријатели‘. Сметаме дека човек кој е безгласна буква во внатрешната и во надворешната политика и не реагира на повампирениот бугарски неоврховизам, којшто го негира постоењето на македонската нација и на македонскиот јазик, нема ништо паметно да каже и затоа не го заслужува вниманието на нашите пратеници и на пошироката јавност“, пишува во партиското соопштение.
Според Левица, Пендаровски е познат по својот некреативен дрвен евроатлантски новоговор и апологет на сервилниот и невизионерски НАТО-фундаментализам, и никогаш не бил и нема да биде вистински и обединувачки „татко на нацијата“.
Во серијата критики од партијата, го нарекуваат Пендаровски го нарекуваат „приврзок на поразената политичка философија и практика на заевизмот, како највисок стадиум на интернационалното вазалство и националното понижување на Македонците“ и додаваат дека неговото заминување од политичката сцена ќе биде катарза за нов почеток во водењето на современа, достоинствена и мултиполарна државничка надворешна политика, креирана од новата генерација храбри македонски политичари.






