Од СДСМ велат дека животниот стандард е во пад, а трошоците за живот постојано растат. Според партијата, граѓаните располагаат со сè помалку средства, бидејќи поскапувањата на храната, сметките, превозот и другите секојдневни потреби вршат дополнителен притисок врз семејните буџети.
Во соопштението се посочуваат официјални статистички податоци според кои трошоците на животот во мај годинава се зголемени за 4,8 проценти во споредба со истиот месец минатата година, додека цените на мало бележат раст од 5,6 проценти.
Од опозициската партија оценуваат дека растот на платите не е доволен за да го следи темпото на поскапувањата, а дополнително забележуваат дека нема нови мерки за заштита на животниот стандард на граѓаните.
СДСМ наведува дека синдикалната потрошувачка кошничка продолжува да расте, додека куповната моќ на населението опаѓа. Според партијата, актуелните економски показатели покажуваат дека животот станува поскап, а граѓаните се соочуваат со сè поголеми финансиски предизвици.






