Очигледно е дека СДС, смета Милошоски, носи одлука спрема Изборниот законик заради желбата на претседателот на СДС да се заштити или да најде алиби од некој следен изборен пораз, Филипче се повлекува од Изборниот законик, од работната група само заради својата лична кариера.
Милошоски обвини дека Венко Филипче и опозицијата не учествуваат активно во расправата за законите поврзани со Реформската агенда, посочувајќи дека опозицијата е речиси целосно отсутна од дебатите за реформските закони.
„Имаме дебата, не се законите спорни, поминува јавна расправа, поминува комисиска расправа, доаѓаат на пленарна седница, присутни се тука пратеници од опозицијата, не гласаат никако, ниту за ниту против ниту воздржани, а законот е од Реформската агенда, а претседателот на СДС Венко Филипче не е ни присуте. Ретки се случаите да дојде и да даде своја забелешка, критика. Комплетно е отсутен од дебатите за Реформската агенда, и не ни гласаат“, рече Милошоски.






