Во соопштението, партијата тврди дека според информации добиени од свиркачи, на Богоев му биле ветени 10 проценти од вредноста на тендерот. Според пресметките на ВМРО-ДПМНЕ, тоа би изнесувало околу 1,8 милиони денари.
Од партијата оценуваат дека станува збор за уште една, како што наведуваат, тендерска шема поврзана со Социјалдемократски сојуз на Македонија и го повикуваат лидерот на партијата, Венко Филипче, јавно да се произнесе за случајот.
ВМРО-ДПМНЕ прашува дали СДСМ ќе го осуди наводниот криминал и кои се критериумите според кои партијата реагира на вакви обвинувања.
Воедно, од партијата го повикуваат Јавно обвинителство да отвори истрага и да утврди дали станува збор за изолиран случај или, како што наведуваат, постојат и други тендери кои биле наместени за време на мандатот на Богоев во Царинската управа.






