сабота, 16 мај 2026

Демократски сојуз поддржува резолуција за стратешките интереси за преговорите со ЕУ

Објавено на

часот

Сподели

Целта, како што соопштија од партијата, е да се упати јасна порака и до Европската унија, но и до соседните држави дека никој нема право да го оспорува нашиот македонски национален идентитет, неговиот историски континуитет, како и јазикот, кој е едно од клучните обележја на секој народ.

„Демократскиот сојуз инсистира на консензус при носење на резолуција или декларација на Собранието. За овие прашања потребен е и граѓански и политички консензус, а не тие да бидат причина за внатрешни поделби и собирање на дневно-политички поени“, се вели во партиското соопштение.

Од ДС додаваат дека очекуваат расправа во Парламентот и подобрување на текстот на предложената резолуција, за таа да биде основа за сплотување, помирување и надминување на внатрешните поделби и конфликти.

 

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ