сабота, 16 мај 2026

Немирна ноќ во Тетово, група младинци нападнала две момчиња кај Пена, регистрирани и други насилства низ градот

Во изминатите 24 часа на подрачјето на Тетово и околината биле пријавени повеќе случаи на физички напади, насилство и нарушување на јавниот ред и мир, меѓу кои и инцидент со национални провокации и напад од група младинци кај реката Пена, информираа од СВР Тетово.

Објавено на

часот

Сподели

Според информациите од СВР Тетово, завчера вечерта десетина минути пред полноќ, 18-годишниот М.М. од Тетово пријавил дека, додека со својот другар Љ.Ф. се движеле пеш по улицата „Ленин“, во близина на мостот на реката Пена, биле нападнати од група од дваесетина младинци.

Според пријавата, младинците цртале графити, а едно од лицата им се обратило со провокативни зборови на национална основа. Набргу потоа групата ги опколила, при што маскирано лице физички го нападнало М.М., а друго лице го нападнало и неговиот другар. Пријавителот препознал едно лице од групата, идентификувано како Л.Џ. од Тетово. Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.

Нов случај на насилство бил пријавен и вчера вечер, кога Ф.Б. од селото Прељубиште и неговиот син А.Б. пријавиле кривично дело насилство.

Според пријавеното, инцидентот се случил околу 18 часот во населбата Поток во Тетово, каде Ф.Б. забележал вербална расправија помеѓу неговиот брат и лицето Р.Ф. Во обид да ја смири ситуацијата, тој и неговиот син биле физички нападнати од Р.Ф. и неговите синови Б.Ф. и Ш.Ф., сите од Тетово. Повредените побарале лекарска помош во Клиничката болница во Тетово.

Истиот ден, вечерта, 19-годишниот Х.Ѓ. од Тетово пријавил дека бил физички нападнат од непознато лице додека се движел по улицата „120“. Кај него биле констатирани видливи повреди, а полицијата работи на идентификување на напаѓачот.

Дополнително, 36-годишната М.А. од Тетово пријавила дека додека седела во угостителски објект на улицата „Борис Кидрич“, била физички нападната од лицето Ј.Ш.

Од СВР Тетово информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на сите пријавени случаи.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ