понеделник, 18 мај 2026

Алијанса за Албанците: Погледајте какво добредојде во Тетово им посакуваме на иселениците

Објавено на

часот

Сподели

„Општина Тетово постојано ги менува директорите, но состојбата останува иста. За чудење е како едно јавно претпријатие кое што собира средства, влегува во долг и ги остава вработените без плата, без осигурување и потоа продолжува по истиот терк.

Јавното претпријатие пред два месеци го смени последниот директор. Ние се надевавме дека ќе има промени, но, промени нема никаде. Напротив, отпадоците се насекаде, на секој дел од градот. Време на одмори е, топли денови, сите ние ја чувствуваме тешката миризба на отпадоците што се распаѓаат, гнијат тука и постои можност од ширење на епидемија.

Затоа, апелирам до сите свесни граѓани, заедно да ја направиме промената што не очекува“, соопшти Алијанса за Албанците.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ