Настанот обедини околу 700 учесници. На средбата беше нагласено значењето на ваквите собири во зачувувањето на идентитетот, културното наследство и историската меморија на Македонците од Егејот. Присутните порачаа дека, и покрај бројните административни пречки и забрани низ годините, нема да се откажат од посетите на своите родни места, водејќи се од љубовта кон татковината, а не од желбата за поделби и конфликти.

На собирот присуствувааа и гости од Пиринска Македонија и Пустец, Албанија.






