сабота, 16 мај 2026

Алијанса за Албанците: Извештајот на Стејт департмент потврди дека треба да се стави крај на корумпираните политичари

Објавено на

часот

Сподели

„Оваа горчлива реалност доаѓа како резултат на раководењето на земјата од страна на корумпирани функционери и од претходните влади кои продолжуваат со применување на истите методи на работење и понатаму.

Американскиот Стејт департмент констатира уште еден важен факт. Во извештајот се вели дека постојат позитивни закони што се совпаѓаат со европското законодавство и што овозможуваат позитивна клима за лесни бизниси, но, корупцијата останува и понатаму проблем. Ова исто така докажува дека во Северна Македонија не се проблем законите, туку спроведувачите на законот. Тоа докажува дека проблемите со криминалот, корупцијата и стагнацијата на државата не се решаваат со законски реформи, туку со промена на структурата на владеење со државата, која што ги има заробено институциите воопшто и судството особено“, соопшти Алијaнса за Албанците.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ