„Со редовно работно време ќе се продолжи од 26 мај 2026 година (вторник)“, посочуваат од Јавното градско претпријатие.
Оттаму ги повикуваат корисниците да ги користат електронските сервиси на ЈП Водовод и канализација – Скопје, кои овозможуваат брз и едноставен пристап до услугите.
„Повеќе информации се достапни на www.vodovod-skopje.com.mk и пристап до електронските сервиси е овозможен преку e.vodovod-skopje.com.mk“, прецизираат од Водовод и канализација – Скопје.






