недела, 24 мај 2026

Се чисти Железничката станица во Скопје (ФОТО+ВИДЕО)

По декади запуштеност се чисти Железничката станица во Скопје. Железничката станица во Скопје треба да претставува гордост на главниот град. Декади запуштеност и немање институционална и општествена грижа за жал ја претвори во тотално нерепрезентативен објект „накитен” со билборди, постери, графити, несоодветни содржини, недоволна хигиена, напиша на својот фејсбук профил Синиша Ивановски, директорот на јавното претпријатие за железничка инфраструктура Железници на Македонија, најавувајќи ја генералката на станицата.

Објавено на

часот

Сподели

„Преземаме мерки за подигнување на нивото на надворешниот и внатрешниот изглед на Железничката станица Скопје преку долготрајна акција и сет на активности. За старт се отстранија сите билборди и светлосни реклами (остана уште една светлосна на Хамза донер кои одбиваат да ја извадат, истите доколку не ја отстранат во рок од 7 дена договорот за закуп ќе им биде раскинат), потоа се отстранија сите информативни постери кои со години се напластени, се продолжува со генералната хигиена“, напиша Ивановски.
Тој најавува целосна реконструкција на станицата со помош на експертите од  Архитектонскиот факултет и од ИЗИИС.
„Процесот на враќање на нормалниот изглед на железничката станица нема да е лесен процес, но да почнеме денес“, вели Ивановски.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ