четврток, 7 мај 2026

Заев со честитка до Петков, ќе продолжат да работат на решение за деблокада на Македонија во ЕУ

Објавено на

часот

Сподели

„На колегата Кирил Петков му го честитав изборот за претседател на Министерскиот совет на Република Бугарија. Во телефонскиот разговор на премиерот Петков му посакав успешен мандат и остварување на сите приоритети утврдени во програмата на неговата Влада, а со цел добробит и просперитет на бугарската држава и бугарските граѓани“, објави Заев на Фејсбук.

Тој додава дека во разговорот изразиле подготвеност да ја забрзаат комуникацијата и соработката низ повеќе работни групи во областите на економијата, културата, здравството, енергетиката, инфраструктурата и други области од интерес на македонските и на бугарските граѓани.

„Се согласивме да продолжиме да работиме на изнаоѓање прифатливо решение за деблокирање на постапката за почеток на преговорите за членство на Северна Македонија во ЕУ и за нов позитивен импулс за зајакнување на билатералните односи меѓу нашите две земји, во име на заедничката европска иднина“, наведува Заев на Фејсбук.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ