Како што соопшти владината прес-служба, Заев и Курц изразиле задоволство од растот на австриските инвестиции во Македонија и од големиот интерес за нови економски соработки и проекти во областите обновливи извори на енергија, инфраструктура и здравство.
Заев исто така му се заблагодарил на Курц за австриската поддршка за Македонија и за европската иднина на целиот регион и го охрабри да продолжи со извонредниот и посебен ангажман со што ги мотивира граѓаните на земјите кандидатки да останат фокусирани на европските цели и во исто време ги поттикнува и потсетува земјите членки да ги исполнат своите ветувања кон земјите од Западен Балкан.
Премиерот Заев, придружуван од вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров учествуваше на Самитот за Западен Балкан во Виена.






