петок, 8 мај 2026

ВМРО-ДПМНЕ предупредува на голем криминал во режија на власта, Славија се продава за 200 илјади евра

Објавено на

часот

Сподели

„Славија“ е акционерско друштво во сопственост на државата и поседува околу дваесетина објекти. Последната официјална проценка на имотот на ова акцинерско друштво во 2016 година била 7,3 милиони евра. Во меѓувреме биле исплатени и обврски од околу 5 милиони евра. Денес вредноста на ова претпријатие на пазарот би можела да достигне и до 20 милиони евра.

На 30 ноември Владата донесе одлука за продажба на имотот на „Славија“, а Агенцијата за управување со одземен имот го закажа јавното наддавање со почетна цена од 218.535 евра или по 51 евро за една акција (вкупно 4.285 акции).

Во 2012 година вредноста на една акција била .1715 евра, вели Арсовски и додава дека очигледно за лицитацијата се тргнало, без проценка, од основачкиот влог на ова акционерско друштво заведен во Централниот регистар од 218 илјади евра.

„Според него се прави обид за голем грабеж на државен имот од страна на криминалниот картел од Струмица на чело со премиерот во заминување Зоран Заев. Очигледно е дека ја намирисале вредноста на маркиците под објектите на власта кои денес имаат огромна вредност“, вели Арсовски.   

„Не смее имотот на граѓаните да  биде продаден за 100 пати помала сума на пари. Следниве денови ќе следуваат детали за целата оваа криминална постапка, ја поседуваме целата документација и соодветно ќе постапуваме до институциите и органите. Нека бидат свесни дека не може да ја раскрчмуваат повторно Република Македонија како во 90-тите години кога над 200 илјади луѓе останаа без работа и кога над 600 фирми беа затворени, односно приграбени од СДСМ. Сега повторно со истите шеми. Затоа повикуваме и до медиумите и до институциите бурно да го следат процесот и она што е најважно да се сочува државниот имот за да не се продаде за ваква безвредна цена има и закони и прописи во оваа држава кои мора да се почитуваат“, изјави Арсовски.

 „Славија“ е основана во 1953 година, во осумдесетитте години од минатиот век имала 200 продавници и 8 супермаркети, со над 1.380 вработени. Во 1996 година е отворен стечај, додека во 2010 година имотот на претпријатието е префрлен на Агенцијата  за управување со одземен имот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ