четврток, 7 мај 2026

Отворена изложба на дела од 33-тата Лесновска ликовна колонија во Македонска Каменица

Во Домот на културата во Македонска Каменица денеска свечено беше отворена изложбата на слики создадени во рамки на 33-тата Лесновска ликовна колонија, настан кој со децении претставува важен сегмент од културниот живот во регионот.

Објавено на

часот

Сподели

Пред љубителите на уметноста беа презентирани дела на уметници учесници на годинашното издание на колонијата, кои преку различни техники и стилови ја отсликуваат својата инспирација, креативност и уникатен уметнички израз.

„Изложбата нуди разновиден визуелен доживувачки спектар – од пејзажи инспирирани од природата на Лесново, до современи апстрактни интерпретации“, истакнаа организаторите од Културно-информативен центар Романса пред посетителите.

Лесновската ликовна колонија со години наназад претставува значаен културен настан кој ја негува и промовира ликовната уметност, создавајќи простор за размена на идеи и искуства меѓу уметниците. Таа има особена улога во зачувувањето на културното наследство, но и во поттикнувањето на современиот творечки дух.

Организаторите потенцираа  дека интересот за колонијата и изложбата расте од година во година, што претставува потврда за нејзината вредност и значење во културната мапа на државата.

Изложбата ќе биде отворена за посетителите до 15 мај, а влезот е слободен за сите заинтересирани граѓани.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ