четврток, 7 мај 2026

Трамп сака историската зграда кај Белата куќа да ја обои во бело

Желбата на американскиот претседател Доналд Трамп да го обои камениот екстериер на стилска, историски значајна зграда од 19 век во близина на Белата куќа во бела боја ќе биде на дневен ред на независна агенција денес, која се очекува да ја одобри големата промена.

Фото: Пиксабеј

Објавено на

часот

Сподели

Трамп предлага целосно или делумно да се префарба во бело целата сива гранитна фасада на зградата, во која се наоѓаа канцелариите на претседателот Двајт „Ајк“ Ајзенхауер, претседател од 1953 до 1961 година.

Американскиот претседател минатата година за фасадата на познатата зграда во центарот на Вашингтон рече дека е „навистина лоша боја“, официјални лица од Белата куќа предлагаат да се обои бидејќи надворешноста е „во многу лоша состојба“.

Експертите, сепак, не се согласуваат со овој предлог и предупредуваат дека гранитот не треба да се бои, дека бојата ќе ја задржи влагата, ќе го оштети каменот и нема да ги реши проблемите што администрацијата сака да ги реши, а би предизвикала и големи трошоци. Наместо боење, меѓу другото, беше предложено уредување на пејзажот и осветлувањето за подобрување на изгледот на зградата.

Мала е и поддршката од јавноста за предложеното фарбање на фасадата.

Зградата на Извршната канцеларија на Ајзенхауер, во стилот на Наполеон III, е наведена како споменик во Регистарот на историски места. Денес, во неа се сместени канцелариите на некои од службениците на американската администрација.

Боењето на таа зграда е само дел од планот на Трамп да го „разубави“ Вашингтон.

Трамп прави многубројни промени во и надвор од Белата куќа и на околниот имот, од кои најзначајна е уривањето на Источното крило, каде што се наоѓаа историски важните канцеларии на првите дами на Соединетите Американски Држави, за да се изгради балска сала со 1.000 седишта.

Спроти Белата куќа, паркот Лафајет е затворен поради реновирања што треба да ги обноват фонтаните.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ