четврток, 7 мај 2026

Малус: Во ваква атмосфера никој не може да го победи Вардар

Словенечкиот ракометар, Јака Малус очекува Вардар да биде уште посилен во наредната сезона, а со поддршка од навивачите да се редат нови успеси.

Објавено на

часот

Сподели

Вардар денеска преубедливо го победи Пелистер со 34-19 и ја освои шампионската титула.

„Мислам дека никој не очекуваше сезона на Вардар кога ги почнавме подготовките, но со секој тренинг и секој натпревар правевме чекор напред. Мислам дека сме на вистински пат и одиме понатаму во новата сезона кон нови успеси. Очекувам полна сала и следната сезона, сè е возможно кога имаме навивачи и голема поддршка од трибините. Вардар остана без пораз дома и тука никој не може да победи“, кажа Малус по натпреварот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ