четврток, 7 мај 2026

Русите објавија цели за „одмазднички напад“ врз Киев (ВИДЕО)

На руската државна телевизија „Русија 1“ беше објавен список на потенцијални цели за „одмазднички напад“ врз Киев во случај на „попречување“ на парадата за Денот на победата во Москва на 9 мај.

Фото: Скриншот

Објавено на

часот

Сподели

На списокот се наоѓаат клучни институции на украинската држава, како и бројни странски амбасади сместени во центарот на главниот град.

Руската телевизија во прилог графички прикажа локации што Москва ги смета за легитимни цели за одмазда.

„Во случај на провокација, целиот владин округ и Врховната Рада (украинскиот парламент) ќе бидат нападнати, од Маријински парк до Кабинетот на министри на улицата Хрушчов. Тука е Врховниот совет на Украина. Во близина се амбасадите на Летонија и Јапонија, малку подалеку на Владимирска 33 е зградата на украинската служба за безбедност, а токму таму е и амбасадата на Ерменија“, изјави водителката во емисијата во живо.

Прилогот продолжи со нагласување дека и западните дипломати би можеле да бидат цел.

„Дипломатите од Лондон се наоѓаат на улицата Десјатинскаја во најгусто населениот округ Шевченко во украинската престолнина. Тука се наоѓаат амбасади и претставништва на повеќе од 50 земји во светот. Меѓу нив се Германија и Соединетите Американски Држави. Во центарот на градот, во Јарослав Вал и околината, се наоѓаат амбасадите на Италија, Канада, Полска, а на улицата Рејтарска, француската амбасада“, рече водителката.

Константин Книрик, раководител на про-владиниот пропаганден портал „Њуз Фронт“, го продолжи извештајот со прецизирање на целите и упатување директна закана до украинскиот претседател.

„Целта на уништување за нас е улицата Банкова, вклучувајќи ги советските згради што ги користел Зеленски, како и бункерот во кој се крие. Дури и да го нема таму, очигледно е дека ако нашиот напад биде успешен и ефикасен, на сите ќе им биде јасно дека сме способни да го достигнеме во кој било друг бункер во кое било време. Индиректна потврда за фактот дека Украина ги сфаќа сериозно нашите предупредувања е тоа што во западна Украина има повеќекратно, нагло зголемување на цената на дневните изнајмувања на станови“, изјави Книрик.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ