
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на денешниот брифинг со новинарите соопшти дека во јавноста ќе биде објавен планот на опозицијата за излез од кризата, откако на вчерашната средба на Али Ахмети со Зоран Заев и Димитар Ковачевски беше заклучено дека владата е стабилна и нема потреба од предвремени парламентарни избори.
Тој кажа дека на синоќешната средба со лидерот на ДУИ, го повторил барањето за предвремени избори и потврди дека не се зборувало за формирање експертска или техничка влада.






