петок, 8 мај 2026

Уставниот суд за првпат доби портпарол, можноста ѝ припадна на новинарката Христина Беловска

Објавено на

часот

Сподели

„Како институција којашто ja штити уставноста, законитоста и граѓанските слободи и права Уставниот суд ја ценеше сензибилизираната јавност којашто е поделена во аргументите за ефективноста на службите за односи со јавноста во голем број институции. Дел од овие дебати во минатите години вклучуваа и прашања за компетенциите и улогата на овој кадар во институциите којшто со своето професионално делување треба да придонесе за отворено и транспарентно владеење. Од тие причини Уставниот суд спроведе постапка на избор на квалификуван кадар со висок мерит и строги критериуми со цел оваа промена во институцијата да даде реален придонес кон поинформирано општество“, стои во нивното соопштение.

По објавениот оглас во јули 2021 година, се спроведе стручен испит и интервју на пријавените кандидати по што судиите едногласно донесоа одлука за избор на Христина Беловска на работното место портпарол на Судот како квалификуван и стручен кадар на оваа позиција.

Христина Беловска има десетгодишно искуство како новинарка којa обработувала теми од правосудството, организираниот криминал и корупција, владеењето на правото во Македонија и европското право, граѓанските права и слободи. 

Уставниот суд низ годините ангажираше дел од своите вработени-советници за делот со односи со медиумите.

Со вработувањето на Христина Беловска, Уставен суд ќе работи на зајакнување на транспарентноста, подготвување на комуникациска стратегија и развивање на професионални профили на социјалните мрежи кои ќе бидат медиуми преку кои сите граѓани ќе се запознаат одблизу со работата на Уставниот суд, но и да придонесат преку оваа секојдневна комуникација да се апсолвира гласот на граѓаните.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ