За љубителите на негуваната кожа, во текот на трите денови, на приземјето од Скопје Сити Мол, посетителите ќе имаат можност да се запознаат со различни производи, со корејските рутини и пристап за нега, како и до ефектот за сјајна и мазна кожа, кои во последните години стануваат сè поприсутни и кај нас.
Фестивалската програма, предвидува секој ден и едукативни панел-дискусии на кои експерти, фармацевти и дерматолози ќе говорат за современата дермокозметика, активните состојки и придобивките од корејскиот пристап кон убавината. Фестивалот е можност посетителите директно да се информираат, да споредат и да откријат производи, кои одговараат на нивните потреби, во период кога негата на кожа станува сè поважен дел од секојдневието.
Па така, денеска, 8 мај, во 18 часот, говорнички на првата едукативна панел дискусија ќе бидат др.Ивана Панговска спец.по дерматологија и Стефанија Златку Лузевска, основач и сопственик на Yeppeuda. Темата е „Активни состојки во корејската нега и како правилно да се користат“.

Во сабота на 9 мај, во 17 часот, говорничка на втората панел дискусија ќе биде Марија Крстевска, фармацевт и експерт за корејска козметика и ќе проговори на темата: „Како да се состави ефикасна корејска рутина за нега на кожа“.

И на последниот фестивалски ден на 10 мај, во 14 часот, говорнички на панел дискусијата ќе бидат: асс. Д-р Маја Димова, специјалист дерматовенеролог и Лилјана Бошковска Ризор, стручен соработник на тема: „Месец на меланом: SPF не е тренд — туку навика “.

На настанот ќе бидат претставени неколку брендови. CosLOVEmetics, Yeppeuda и K-Beauty Зегин.
Корејската козметика се издвојува по тоа што нуди практични и ефективни решенија за различни типови кожа и возрасти. Таа подеднакво е прифатена кај тинејџери кои се соочуваат со првите проблеми на кожата, како и кај возрасни жени и мажи кои бараат одржување на здрава, хидрирана и негувана кожа. Производите се базираат на лесни текстури, природни состојки и постепени резултати, со фокус на секојдневна нега, а не на брзи и агресивни третмани.
Ваквиот фестивал е можност на едно место да се добие појасна слика за тоа што значи „K-beauty“ и како може да се примени во секојдневната рутина.






