„Црвено-црните“ така стигнаа до 16-та шампионска круна и сезонава ги обединија трофеите во Суперлигата и Купот на Македонија.
По натпреварот, тренерот Иван Чупиќ не го криеше задоволството од успехот и им се заблагодари на сите кои биле дел од шампионската сезона.
„Во ваков амбиент, со главниот ривал, во најголемото македонско дерби да завршиш работа и да освоиш титула, не може да посакавме подобро. Маратонот беше долг, но мислам дека заслужено ја вративме титулата во Скопје. Уште еднаш, благодарност до навивачите, до клубот, до претседателот, до директорите што ми дадоа шанса да бидам тренер во овој голем клуб. Целиот тим направи многу.
Исто големо фала на сите играчи што ја вратија титулата, ги донесоа титулите. Благодарност и до Талески, Борозан, Ќосевски, тие беа со нас тука претходно, сега веќе не се, но беа дел од патот до титулата. Се надевам некој не заборавив. Ова е голем ден за сите кои го сакаат Вардар, а за два дена ни следи нов меч, овој пат со Охрид“, изјави Чупиќ.
Со оваа титула, Вардар 1961 по три години пауза повторно се искачи на тронот во македонскиот ракомет.






