петок, 8 мај 2026

Петрова-Чамова ќе биде новата министерка за надворешни работи на Бугарија од партијата на Слави Трифонов

Велислава Петрова-Чамова, од партијата Има таков народ на Слави Трифонов, ќе биде новата министерка за надворешни работи на Бугарија. Од основањето, партијата на Трифонов иам отворени антимакедонски ставови. Румен Радев вчера го доби мандатот за формирање на нова влада, а се очекува министрите од новата влада да бидат избрани денеска.

Објавено на

часот

Сподели

Велислава Петрова-Чамова беше заменичка-министерка за надворешни работи за време на коалициската влада на Кирил Петков, кога министерка за надворешни работи беше Теодора Генчовска, исто така од партијата ИТН. Таа беше дел од кабинетот на Галаб Донев, кога министер беше Николај Милков, поранешен секретар за надворешна политика на Радев, како претседател на Бугарија. Петрова-Чамова, како заменик-министер за надворешни работи во тимот на Милков, беше ангажирана околу прашања поврзани со Македонија. Во тој период изјави дека нема потреба Бугарија повторно да стави вето за Македонија. „Самите си наметнаа вето. Јасно е напишано дека за да го продолжат патот кон евроинтеграциите мораат да го променат Уставот. Сѐ  додека не го направат тоа, нема начин вистински да почнат преговорите. Можеме да ставиме вето многу пати како што сакаме, крајната цел е овој регион да се интегрира, така што ќе биде многу полесно да коегзистираме со нив, но тоа може да се направи кога ќе ги исполнат критериумите“, изјави тогаш Чамова.

Според неа Македонците чувствуваат дека преговорите се веќе започнати. „Погрешно создадоа големи очекувања во општеството дека ќе продолжат и без промена на Уставот, а според одлуката на сите држави тоа мора да го направат. Ова е заложба не кон Бугарија, туку кон целата ЕУ“, појасни во 2023 година Велислава Петрова-Чамова.

Таа дипломирала на Универзитетот во Кембриџ, Велика Британија, а докторирала на биомедицинските науки. Таа е специјалист во областа на одржливиот развој и глобалното здравје со искуство во меѓународни организации и земји на Глобалниот Југ. Работела во Женева, а од август 2020 до јуни 2021 година била експерт за проценка на ризик од катастрофи во Групацијата на Светска банка.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ