петок, 8 мај 2026

Американските и иранските сили се судрија во Персискиот Залив

Американските и иранските сили се судрија во Персискиот Залив, при што Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) повторно беа нападнати, со што е загрозено примирјето, а и надежите за дипломатско решение на кризата се разнишани, објави денес Ројтерс.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Борбите се случија додека Вашингтон чекаше одговор од Техеран на својот предлог за прекин на конфликтот, кој започна со заеднички воздушни напади на САД и Израел низ Иран на 28 февруари.

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави во четврток дека три американски разорувачи биле нападнати додека минувале низ Ормускиот теснец, воден пат за околу една петтина од светската нафта и течен природен гас, кој Иран го затвори речиси целосно од почетокот на конфликтот.

„Три американски разорувачи од светска класа успешно поминаа низ Ормускиот теснец, под оган. Немаше штета на трите разорувачи, но им беше нанесена значителна штета на иранските напаѓачи“, напиша Трамп на мрежата Трут соушл.

Трамп подоцна им рече на новинарите дека прекинот на огнот останува на сила и се обиде да го намали значењето на размената на оган.

„Тие си играа со нас денес. Ние ги уништивме“, рече Трамп во Вашингтон.

Иранската врховна воена команда ги обвини САД за кршење на примирјето со напад врз ирански танкер за нафта и друг брод, како и за воздушни напади врз цивили на островот Кешм во Ормускиот теснец и околните крајбрежни области. Воената команда соопшти дека одговорила со напад врз американски воени бродови источно од теснецот и јужно од пристаништето Чабахар.

Портпаролот на иранската војска, Хатам ал-Анбија, изјави дека иранските напади предизвикале „значителна штета“, но американската Централна команда соопшти дека ниту едно од нејзините средства не било погодено.

Иранската Прес ТВ подоцна објави дека, по неколку часа оган, „ситуацијата на иранските острови и крајбрежните градови долж Ормускиот теснец сега се вратила во нормала“.

Двете страни спорадично разменуваа оган откако примирјето стапи на сила на 7 април, при што Иран напаѓаше цели во земјите од Заливот, вклучувајќи ги и ОАЕ.

Детали за последниот напад врз Емиратите не беа веднаш достапни. Од почетокот на војната, Иран често ги напаѓа ОАЕ и другите земји од Заливот кои се домаќини на американски воени бази.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ