петок, 8 мај 2026
Ристо Цицонков

Објавено на

часот

Сподели

КОЛУМНА

Енергијата од обновливи извори сега е поевтина од фосилните горива

Во 2022 година почна енергетска криза со војната во Украина, а пред околу два месеца кризата многу се зголеми со воената интервенција на САД врз Иран. Геополитичката ситуација во светот е таква што снабдувањето со енергија денес не е ниту сигурно ниту одржливо. Што може да се направи за да се промени ова и да се постигне напредок против овој голем проблем?

За да се одреди патот што води кон решение, мора да ја разбереме сегашноста. Денес, фосилните горива (јаглен, нафта и гас) имаат многу големи негативни несакани ефекти. Согорувањето на фосилни горива сочинува 87% од светските емисии на јаглерод-диоксид (СО2), светот што работи на фосилни горива не е одржлив; тие ги загрозуваат животите и егзистенцијата на сегашните и идните генерации и биосферата околу нас. Овие извори на енергија водат до смрт на многу луѓе токму сега – загадувањето на воздухот од согорувањето на фосилни горива убива милиони луѓе во земјите низ целиот свет секоја година.

Обновливите извори на енергија (ОИЕ) се многу побезбедни и почисти од фосилните горива. Нуклеарната енергија е исто така чиста енергија, но тука има поделеност во мислењата заради безбедноста и нуклеарниот отпад.

Зошто тогаш светот се потпира на фосилни горива?

Фосилните горива доминираат во снабдувањето со енергија во светот бидејќи во минатото беа поевтини од сите други извори на енергија. Ако сакаме светот да се напојува со побезбедни и почисти алтернативи, мора да постојат такви алтернативи кои се поевтини од фосилните горива.

Фосилните горива се доминантни во светското снабдување со електрична енергија. Јагленот е убедливо најголемиот извор, снабдувајќи 37% од електричната енергија; гасот е втор и снабдува 24%. Согорувањето на овие фосилни горива за електрична енергија и топлина е најголемиот поединечен извор на глобални стакленички гасови.

Производство на електрична енергија во светот според изворот

За да има пореална споредба на системите за производство на електрична енергија треба да се оформи нивелирана цена во која се земаат предвид сите трошоци почнувајќи од чинењето на изградбата, трошоците за гориво и работењето во текот на животниот век на електроцентралата. Се разбира, дополнително влијание имаат емисиите на СО2 (кај ОИЕ нема такви), потребата од складирање, постоење на доволно базна енергија за моментите кога има мало производство од ОИЕ.

Според податоци на Светска Банка направена е споредба на нивелирани цени на производство на електрична енергија во 2009 и 2024 година, прикажано подолу во долари за 1 MWh.

Прикажаните вредности може да варираат во зависност од географската локација и државата.

Од табелата се гледа дека кај јагленот и гасот има извесно намалување на цената, но кај ОИЕ има многу поголемо намалување, а кај сончевата енергија тоа е драстично.

Причините за овие разлики во цените се во тоа што кај електраните со фосилни горива големо влијание имаат цените на горивото и оперативните трошоци. Кај електраните на ОИЕ нема такви трошоци бидејќи сонцето и ветерот се бесплатни, а кај нив најголемо влијание имаат инвестиционите трошоци.

Во врска со историјата на примена на сончевата енергија интересно е да се спомне дека во 1956 година цената за производство на само 1 W била 1.865 долари. Во тоа време мал сончев модул се применувал само кај сателитите. По таа цена еден фотонапонски панел од 320 W денес би чинел околу 600.000 долари. Но технологијата на користење на сончевата енергија постојано се развивала. Јас се сеќавам дека во 1983 година купив дигитрон кој работеше на дневна светлина (без класични батерии).

Денес веќе постои масовно производство на фотонапонски панели така што цената е драстично падната, особено во последните 20 години. Според IRENA (International Renewable Energy Agency) таа изнесува околу 0,2 долари за 1 W.

Според горе опишаното, денес имаме многу јасна опција каде може да се постигне напредок во производството на електрична енергија. Ова особено важи за технологијата со сончевата енергија која пред неколку децении беше достапна само за сателити, а денес има цена која обезбедува најевтина електрична енергија на планетата, и што е уште многу важно: без емисии на штетни гасови.

Тоа не значи дека решавањето на проблемите со климатските промени е лесен за решавање. Борбата против клматските промени е многу тешка и сложена бидејќи секторот за производство на електрична енергија е само еден од група на големи сектори што треба да се декарбонизираат.

По енергетската криза во 2022 година во Република Македонија (РМ) почна интензивен бран на изградба во фотонапонски централи, а тој тренд продолжува и денес. Во 2025 година, инсталираните капацитети од ОИЕ изнесувале: фотонапонски електроцентрали 30,4%, хидроцентрали 22,8% и ветерните околу 4%.

Сепак, има една многу голема празнина во вкупниот електроенергетски систем во РМ, а тоа е фактот дека не постои доволно стабилно производство на електрична енергија кое ќе ги покрива потребите во услови кога нема сонце и ветер. Во такви периоди се купува електрична енергија на отворен пазар (најчесто од увоз) каде цената е многу висока. Тоа значи дека треба итно да се почне со изградба на хидроцентрали (Чебрен и др.) и најмалку една гасна когенеративна централа во државна сопственост. Тие проекти се предвидени во неколку енергетски стратегии донесени во претходните децении.

Д-р Ристо Цицонков, редовен професор

Машински факултет – Скопје

КОЛУМНИ

Универзитетот како архитект на вредносното општество

Билјана Ванковска

Во одбрана на студентите или кога професорите ќе стивнат

Јове Кекеновски

Стандарди и исклучоци?

Лесли Милер

Насилството врз децата може да се спречи, ако дејствуваме заедно

Адела Ѓорѓиоска

Македонија меѓу здравиот разум и стратешките илузии

Александар Иванов

Тешки преси, мајндсет на Студената војна и балкански илузии: архитектурата на...

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ