Финалето во Лигата на Европа ќе донесе дуел меѓу Астон Вила и Фрајбург, откако двата тима успеаја да ги надоместат негативите од првите полуфинални натпревари. Тимот на Унаи Емери беше убедлив против Нотингем Форест со 4-0, додека Фрајбург ја елиминира Брага со победа од 3-1.
Финалето ќе се игра на 20 мај во Истанбул, а победникот покрај трофејот ќе обезбеди и место во Лигата на шампионите.
Во Конференциската лига за пехарот ќе се борат Кристал Палас и Рајо Ваљекано. Англискиот тим со вкупни 5-2 го елиминира Шахтјор Доњецк и ја продолжи одличната сезона на англиските клубови во Европа, додека Рајо и вторпат со 1-0 беше подобар од Стразбур. Финалето во ова натпреварување е закажано за 27 мај во Лајпциг.
Во вторникот и средата места во финалето на Лигата на шампионите се пласираа Арсенал и ПСЖ.






