Лејкерс успешно ја мина првата пречка во плејофот, но Оклахома е друга приказна, Леброн и другарите убедливо го загубија и вториот меч.
Видливо е дека без Лука Дончиќ немаат шанси. Според некои шпекулации, Словенецот можеби ќе се врати во наредниот меч кога серијата ќе се пресели во Лос Анџелес.
Ноќеска Лејкерс имаа добро прво полувреме по кое водеа со 58-57, но работите се променија во третиот период по кој Оклахома поведе и ја зачува предноста до убедливи 125-107.
Најефикасни играчи беа кошаркарите на Лејкерс, Ривс постигна 31 поен, а Леброн 23, кај Оклахома Џилџус-Александер и Холмгрен дадоа по 22 поени.
Оклахома по оваа победа поведе со 2-0 исто како и Детроит против Кливленд. Тие ноќеска го добија мечот со 107-97.






