петок, 8 мај 2026

ССМ вели дека честитка за Нова година од политичарите за работниците им се зголемените цени за струја и парно

Објавено на

часот

Сподели

Според ССМ, дојде времето вредната работничка рака да стане стисната тупаница.

„Бидејќи никој не се јави, одважи и ја изгласа иницијативата на ССМ за минималната плата на работникот да изнесува 60% од просечната или 18.000ден и усогласување и пораст на сите останати плати на работниците и да важи од 1 јануари 2022 година согласно порастот на сите животни трошоци: цените во продавниците, маркетите, пазарите, стујата, парното и се останато… Им „заблагодаруваме” на сите политички партии и ненародните пратеници за се што дозволија и оставија да се зголеми пред Нова година освен минималната плата и сите останати плати на работниците. Ова покажува колку работникот е маргинилизиран и небитен за политичарите и ненародните избраници – пратеници“, се вели во дописот од ССМ.

Според Синдикатот, дошло време вредната работничка рака да стане стисната тупаница во борбата за егзистенција. 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ