петок, 8 мај 2026

Списокот со имињата на осудениците кои бараат помилување, меѓу кои и Нинџа, Кочан, Илиќ… направи хаос

Објавено на

часот

Сподели

За помилувањето на осудените лица списоците се прават во затворите, а по ова тие се испраќаат до Министерството за правда. Од таму списокот со имињата на оние кои бараат порано да излезат од затвор, треба да се проследи до Комисијата за помилување во Кабинетот на претседателот Стево Пендаровски.

Од Министерството за правда утрово ни потврдија дека списокот со имињата на осудените лица е проследен до Комисијата за помилување. По ова Комисијата требаше на состанок да расправа по дадените имиња.

Членови на комисијата за МКД.мк потврдија дека за денес во 14 часот бил закажан состанокот на кој што требало да се разгледуваат имињата на осудениците кои побарале да им се скратат затворските денови, но без образложение денес овој состанок бил откажан.

Наспроти тврдењето од Министерство за правда дека списокот е испратен, како и од Комисијате дека има закажано состанок, од Кабинетот на претседателот Пендаровски официјално ни беше одговорено дека список со имиња за осуденици не добиле, ниту пак имало закажано состанок на Комисијата.

„Комисијата за помилување ќе ја закаже седницата кога ќе пристигне финалниот список од Министерстовото за правда со предлозите за групното помилување. Јавноста како и секогаш ќе ја информираме веднаш кога ќе се донесат одлуките”, стои во одговорот од Кабинетот на претседателот.

По ова редакцијата на МКД.мк го објави и документот со кој што Министерот за правда го повлекува проследениот список и го враќа назад во затворите за да се ревидира и повторно да се испрати до Министерството за правда.

Претседател на Комисијата за помилување е Уранија Пировска, извршна директорка на Хелсиншкиот комитет за човекови права, а членови на Комисијата се:

-Фехми Стафа, државен правобранител;
-Љубомир Јовески, јавен обвинител;
-Љубомир Михајловски, адвокат;
-д-р Темелко Ристевски, правник, полковник во пензија;
-Ерол Рушид, доктор;
-Зора Митиќ, доктор;
-Божин Аврамовски, судија во пензија;
-Сафет Алиу, поранешен судија во Врховен суд;
-Томислав Кежаровски, новинар;
-Билјана Петковска, извршна директорка на Македонскиот институт за медиуми.

Помилување не може да им се даде на лица осудени за кривични дела против изборите и гласањето, кривични дела против половата слобода и половиот морал, кривични дела сторени спрема деца и малолетни лица, кривични дела против здравјето на луѓето, кривично дело неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од членот 215 и кривично дело овозможување на употреба на наркотични дроги од членот 216 и за кривични дела против човечноста и меѓународното право.

К.Д.



 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ