„Ова не е прашање за мене, тоа е прашање за мандатарот, кога ќе го има и кој ќе одлучува за тоа. Јас сум посветен да одработам тоа што треба да одработам. Мандатарот кога ќе биде мандатар ќе одлучи за тоа кои ќе му бидат кандидати за челните позиции“, рече Спасовски, одговарајќи на новинарско прашање во Пробиштип.
Актуелниот заменик-министер за финансии, Димитар Ковачевски вчера беше избран за нов претседател на СДСМ на местото на Зоран Заев, но засега нема потврда дали ќе го замени Заев и на премиерската функција.






