петок, 8 мај 2026

Сијарто ја замоли Бугарија да не ја попречува Македонија: Фрустрирани сме од заклучоците во Брисел

Објавено на

часот

Сподели

„Ние бевме незадоволни и фрустрирани од заклучоците во Брисел во врска со проширувањето и сите тие одлуки ги сметаме за многу неправедни. Ако сакавме да бидеме чесни ќе требаше да кажеме уште во оваа година Северна Македонија и Албанија треба да започнат со преговорите. Со почит ги замолуваме нашите пријатели од Бугарија нивните национални прашања што ги сметаат како пречка да ги реализираат во текот на преговорите, а не со попречување на започнувањето на преговорите“, изјави Сијарто.

Според него, изостанувањето на почетокот на преговорите е нарушување на кредибилитетот на ЕУ, бидејки од една страна ЕУ признава дека Македонците направија голем напредок, а од друга страна не ги започнува преговорите. И затоа, како што кажа, оваа состојба ја сметаат за штетна, опасна и спротивна на принципите на ЕУ и по прашањата за безбедноста и по прашањата на економскиот развој.

Географската позиција на Западен Балкан, оцени тој, изгледа влијае на тоа сѐ  потешко да можеме да ги разбираме процесите што се случуваат во регионот и имаме чувство дека политиката на ЕУ која ја води кон Западен Балкан станува сѐ понеефикасна.

„Унгарија бара преговорите со Северна Македонија и Албанија веднаш да започнат. ЕУ сега е пред историски предизвици и затоа би ни требало еден позитивен успех и сметаме дека проширувањето би значело успех за ЕУ и затоа Унгарија ќе прави сѐ што е можно побрзо да започне проширувањето кон Западен Балкан“, изјави Сијарто.

Тој додаде дека Македонија има многу важна улога во запирањето на миграциските текови, бидејќи се наоѓа на главната патека на миграција, и најави дека во почетокот на јануари 30 унгарски полицајци ќе дојдат како поддршка на македонските колеги во обезбедување на границата.

Османи, пак, го поздрави успехот на словенечкото претседателство, за да обезбеди консензус за извештаите на Комисијата за земјите од Западен Балкан, и за заклучоците на ЕК за регионот, што покажува дека и покрај предизвиците со кои се соочуваме, ЕУ останува присутна и посветена на Западниот Балкан.

 

„Сепак овој делумен успех овде кај нас влезе во длабока сенка на неуспехот на Унијата да обезбеди консензус за операционализација на сопствената одлука од март минатата година, за почеток на преговорите за Северна Македонија и Албанија. Свесни сме дека одлуките на Советот на ЕУ се носат со консензус, но сѐ помалку граѓани на нашите земји имаат разбирање за тоа на каков начин и со какви аргументи се користи таа привилегија од земји-членки“, додаде Османи.

Тој рече дека несомнено е дека довербата во процесот на проширување е на најниско ниво, а тоа го загрозува кредибилитетот и на целата Унија и создава нови кризи во целиот регион.

„Но наша обврска не е да гледаме со разочарување на неуспесите, туку да ги следиме предизвиците и да нудиме решенија. Ние остануваме посветени на процесот на интеграција во ЕУ, што преставува наш стратешки интерес и можам да ве уверам дека продолжуваме да работиме и со нашите соседи со несмалено темпо. Предалеку сме отидени во овој процес за да се откажуваме, но искрено, се надевам дека со новата политичка гарнитура, почнуваме и нов визионерски процес на доверба меѓу двете држави“, рече Османи.

Бугарија, како што додаде Османи, е полноправна членка на Европската Унија, па со право очекуваме новата Влада во Софија да покаже европски сензибилитет, партнерски однос, и грижа за соседите.

„Ние сме веќе НАТО сојузници, и нашите пријатели во НАТО, како што е еве и Унгарија, очекуваат да покажеме дека сме зрели да ги надминеме меѓусебните разлики, и со тоа да придонесеме во зајакнување на заедничката безбедност и стабилност“, истакна Османи на прес-конференцијата со унгарскиот министер Сијарто.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ