
„Ова не е политичко, туку правно прашање. Тоа е работа за судскиот систем и во Унгарија политичарите во врска со тоа не може да поставуваат прашање“, рече Сијарто на заедничката прес-конференција со министерот за надворешни работи, Бујар Османи, одговарајќи на новинарско прашање дали Унгарија има намера да го испорача Груевски.
Груевски, наместо да оди во затвор две години по пресудата во предметот „Тенк“, во 2018 година побегна во Будимпешта каде што доби политички азил.






