четврток, 21 мај 2026

Швајцарија, Белгија и Австрија имаат нови ковид-правила за влез на нивна територија

Објавено на

часот

Сподели

За Швајцарија повеќе не е во сила забраната за влез на државјани од трети земји, вклучително и од Република Северна Македонија, заради туристички или каков било  друг вид престој, но само со потврда/сертификат за примени 2 дози од вакцина (Повеќе информации за видот на вакцината и условите за влез, може да се пронајде на следниот линк). Исто така, условот за поседување на негативен тест (ПЦР или Антиген), повеќе не се прифаќа како основ за влез за оваа категорија лица.

Доколку лицето ги исполнува условите за влез во Швајцарската Конфедерација, потребно е до 12 часа пред влезот во Швајцарија, да го пополни формуларот кој се наоѓа на веб страна на швајцарската Федерална канцеларија за јавно здравје на следниот линк.

Белгиската Влада воведува карантин за невакцинираните патници кои во Белгија ќе влегуваат од т.н. „црвените зони“, меѓу кои е и Македонија. Поради зголемениот број на нови ковид-19 пациенти во болниците во регионот на главниот град и пошироко во Белгија, веќе од утре (петок, 17 септември) ќе се воведат построги правила на карантин за патниците кои пристигнуваат од „црвената зона“. Оние кои не се целосно вакцинирани (две дози во соодветен временски интервал) или немаат сертификат за прележана болест, по пристигнувањето во Белгија од „црвената зона“, мора да поминат 10-дневен период на карантин. Карантинот може да се скрати ако резултатот од дополнителниот тестот на седмиот ден е негативен.

За влез во Австрија, мора да се обезбеди еден од следните докази: доказ за вакцинација или доказ за прележан ковид-19, што преставува единствен начин да се избегне карантин (самоизолација) од 10 дена, што може да биде прекинат по 5 дена со нов негативен резултат на ПЦР тест.

Малолетниците до дванаесет години, исто така, мора да се изолираат и да се регистрираат при пристигнувањето, освен ако возрасниот што патува со нив не е ослободен од самоизолација; децата над 12 години мора да поседуваат доказ за вакцинација или доказ за прележан ковид-19. За примена вакцина со единечна доза, мора да покажете дека сте ја примиле вакцината пред повеќе од 21 ден, но не повеќе од 360 дена пред пристигнувањето.

Повеќе информации за рестриктивните мерки за сите држави можете да најдете на линкот на веб страната на МНР.  

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ