Тој ја поздрави одлуката на Европската комисија, истакнувајќи дека ова претставува важен сигнал на доверба и признание за реформската агенда на државата.
„Европската интеграција повеќе не е само политичка аспирација. Денес таа се претвора во конкретни инвестиции, поддршка и реални можности за нашите граѓани“, изјави министерот Сали.
Овие средства претставуваат дополнителен поттик за продолжување на реформите, зајакнување на институциите и забрзување на европскиот пат на државата.
Министерството за европски прашања останува целосно посветено на ефикасната координација на реформските процеси и обезбедување европската поддршка директно да се преточи во подобар животен стандард и повеќе можности за граѓаните, се вели во соопштението од кабинетот на министерот за европски прашања.






