На средбата, информираат од собраниската прес-служба, се дискутираше за процесот на интеграција на државата во ЕУ, моменталните состојби, обврски и предизвици кои стојат пред државата за нејзино идно полноправно членство во ЕУ.
Двајцата соговорници се осврнаа на повеќе прашања меѓу кои: искуството на Република Хрватска во процесот на преговорите за членство во Унијата; одредените отстапки кои државата морала да ги направи во текот на процесот, но и за придобивките од членството во Унијата, години подоцна.
Пратеничката Василевска се заблагодари за несебичната поддршка во текот на сите овие години која нашата земја ја добива од Хрватска, и за значајните насоки кои хрватските државници ги пренесуваат како свое искуство на добри практитки, а кои се од исклучително значење за подготовките на земјата за претпристапниот процес.
Дробњак и Василевска заеднички се согласија во тоа дека единствениот прогресивен пат за нашата земја, е рамноправно членство во Унијата, и нејзина интеграција во процесите на унапредување и развивање кон европските стандарди, заедно со останатите држави во регионот.






