петок, 8 мај 2026

Петков со порака од Брисел: Иако е важна, историјата не е единствена тема во односите со Македонија

Објавено на

часот

Сподели

Како што пренесуваат бугарските медиуми, Петков изјавил Софија треба да ја надгради својата позиција кон Скопје со работни групи што би се среќавале секој месец, што не треба да биде политички, туку реален чин. Според премиерот на Бугарија, позицијата кон Северна Македонија е јасна и е втемелена во коалицискиот договор.

„Историјата е важна, но не може да биде единствена тема во билатералните односи. Интересот на Бугарија мора да се заштити, но и да се надгради. Треба да разговараме за инфраструктурата, железничката пруга од Софија со Скопје мора конечно да се случи. Во економска смисла, добро е што македонските бизниси можат да продаваат на бугарскиот пазар и, соодветно, бугарските бизниси да бидат на македонскиот пазар“, изјавил Петков.

Според него, сите на Балканот се заградени, поделени, а толку многу може да се добие од таков процес. Петков додал дека сака да се сретне со идниот премиер на Македонија по неговата инаугурација.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ