петок, 8 мај 2026

Османи и Брнз потпишаа договор за заштита на класифицирани инфорамции

Објавено на

часот

Сподели

„Со денешното потпишување на Договорот за безбедносните мерки за заштита на класифицирани информации ја збогатуваме договорната рамка меѓу Северна Македонија и САД, што претставува уште една потврда на извонредните односи и довербата која владее меѓу двете пријателски земји. Како стратешки партнери и НАТО сојузници остануваме посветени на понатамошно јакнење на соработката во насока на постигнување долгорочна стабилност, демократизација и просперитет на земјава и регионот“, истакна Османи.

Амбасадорката Брнз порача дека безбедноста зависи од ефективната размена на информации.

„Овој договор ја подобрува таа витална комуникација меѓу САД и Северна Македонија. Тоа е уште една пресвртница во зајакнување на соработката како партнери и НАТО сојузници и во работењето кон посигурна, попродуктивна иднина за сите“, нагласи Брнз.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ