„Додава дека откако ја видел во петокот почнал процедура за нејзино повлекување, која денеска се формализирало. Со мој потпис списокот го вратив назад кај затворите на уште едно разгледување“, напиша Маричиќ.
Како што претходно објавивме, министерот за правда Маричиќ и официјално ја повлече листата за помилување на затвореници. Според документот испратен до Кабинетот на претседателот, повлекувањето е направено поради потреба од дополнителни консултации со затворите за имињата кои им се предложени.
Министерството за правда предложи помилување на 48 лица. Меѓу имињата се и бизнисменот Сеат Кочан, Александар Василевски-Нинџа, контроверзниот сведок на Обвинителството за случувањата на 27 април 2017 година, Бобан Илиќ, осуден за убиството на 4 годишниот Алмир во Куманово…






