Ова се прави со цел да се даде време најнапред да се допрецизираат критериумите и законски да се зајакнат филтрите во однос на тоа како се составуваат листите со предлози на лица кој треба да бидат помилувани, се наведува во соопштението на Мнистерството за правда.
Се додава и дека во Министерството постои работна група која работи на составување нов предлог-закон за помилување со кој, како што наведува, „ќе се зацврстат критериумите и ќе се дефинираат нови построги услови за тој кој може да биде помилуван”.
„Со тоа сметаме дека ќе минимизираат шансите на овие листи во иднина да се најдат лица кои во јавноста предизвикуваат сомнеж за нормалното функционирање на правниот систем“, стои во соопштението на Министерството за правда.
Вчера министерот за правда Бојан Маричиќ и официјално ја повлече листата за помилување на затвореници. Според документот испратен до Кабинетот на претседателот, повлекувањето е направено поради потреба од дополнителни консултации со затворите за имињата кои им се предложени.
Министерството за правда предложи помилување на 48 лица. Меѓу имињата се и бизнисменот Сеат Кочан, Александар Василевски-Нинџа, контроверзниот сведок на обвинителството за случувањата на 27 април 2017 година, Бобан Илиќ, осуден за убиството на 4 годишниот Алмир во Куманово…






