четврток, 7 мај 2026

ЛДП останува во Владата и ќе го поддржи идниот мандатар

Објавено на

часот

Сподели

„На средбата ги договоривме програмските политики кои се важни за ЛДП во делот на економија, екологија и изборните реформи. Усвоени се нашите барања кои ќе ги афирмираат нашите либерални политики, а тоа се: заокружување на процесот на децентрализација, отворање на законот за локална самоуправа, воведување на моделот на една изборна единица, отворени листи за избор на советници, регулацијата на пазарот на криптовалути, измени во законите за градење и урбанистичко планирање со цел стопирање на урбаниот хаос во градските центри и ставање акцент на хуманото живеење и екологијата. Изградба на нова жичарница на Пелистер и развој на зимскиот туризам“, соопштија од ЛДП.

Од партијата додаваат дека не отстапуваат од заложбите на политиката на рамен данок и укинување на парафискалните давачки кои се неданочни обврски за граѓаните. Исто така очекуваат тесна и успешна соработка и градење на политики во интерес на граѓаните во очекување на новиот мандатар на Владата.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ