петок, 8 мај 2026

Ковачевски: Денес ја добив довербата да бидам мандатар на идната влада

Објавено на

часот

Сподели

„За мене е огромна чест и одговорност што денес од ЦО на СДСМ ја добив довербата да бидам мандатар на идната влада. Тоа е предизвик кој сум подготвен да го прифатам и посветено да работам за да ја оправдам довербата. Продолжуваме со седницата на ЦО за избор на ново раководство, како и нови членови на Централен и Извршен одбор на СДСМ“, напиша Ковачевски, додавајќи дека партијата ќе се реорганизира.

Ковачевски пред Централниот одбор изјави дека програмата ќе се базира на социјалдемократски вредности, фер-шанса за сите кадри што ги исполнуваат професионалните услови за да бидат назначени на институционално ниво.

„Меѓутоа и отворање на партијата кон сите оние што може да придонесат со својата активност во зајакнување на партијата и нејзиното работење“, додаде Ковачевски. 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ