петок, 8 мај 2026

Кадрите на Алтернатива ќе се справуваат и со корона и со енергетската криза

Објавено на

часот

Сподели

Централното претседателство на Алтернатива вчера ги утврди носителите на јавни функции. Беким Сали е предложен за нов министер за здравство. Сали е стоматолог по професија и има сопствена ординација. Влезен е и во бизнисот со текстил.

Сали во политиката е 6 години, а во моментов ја извршува функцијата генерален секретар на Алтернатива. На последните локални избори беше кандидат за градоначалник на Чаир од редовите на Алијанса и Алтернатива, но ги загуби изборите.

Политичката кариера ја почнал како шеф на кабинетот на Бујар Османи додека овој беше министер за здравство. Сали е и член на управниот одбор на ЈЗУ Универзитетска клиника за токсикологија. Во анкетниот лист на Беким Сали пишува дека тој нема имот, но наведен е имотот на неговите родителите – два стана, два деловни простора во Скопје и две моторни возила.

Орхан Муртезани е поранешен портпарол на Алтернатива, а доаѓа на местото на Куштрим Рамадани од ДУИ, актуелен директор на државниот преносен оператор МЕПСО. 

Муртезани е еден од основачите на Алтернатива, роден е во Сарај, Скопје, а по професија е економист. Дипломирал на Економскиот факултет при универзитетот „Св.Кирил и Методиј“ во Скопје, а постдипломските студии ги продолжил во Универзитетот „Мармара“ во Истанбул на отсекот Менаџмент и организација. Течно зборува англиски и турски јазик.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ