
„На Западен Балкан, придонесуваме регионот да го надмине неговото минато, да стане дел од принципите и вредностите на Европската Унија. Проблемите на Договорот од Преспа се очигледни, но врз основа на принципот „pacta sunt servanda“ продолжуваме да се стремиме кон негово, со добра волја, спроведување и толкување за да одиме напред во нашиот регион“, рече Дендиас.






