петок, 8 мај 2026

Договорот за пријателство и Препсанскиот договор да бидат вклучени во преговарачката рамка за членство на државава во ЕУ, порача Радев

Објавено на

часот

Сподели

Како што јави дописникот на МИА од Софија, заедничкиот став на двајцата бил дека европската интеграција на Македонија е во интерес на целиот регион, но процесот треба да се поврзе со почитување на европските вредности и преземените обврски во билатералните договори.

Друга тема на која разговарале Радев и Мицотакис било унапредувањето на билатералната енергетска, транспортна и економска поврзаност меѓу Бугарија и Грција.

Двајцата го поздравија обновувањето и понатамошниот развој на стратешкото партнерство меѓу Бугарија и Грција, кое го идентификуваа како клучно не само за нивните билатерални односи, туку и за стабилноста во регионот на Југоисточна Европа.

Забрзувањето на процесот на изградба на гасниот интерконектор меѓу Бугарија и Грција е приоритет за двете земји, беше истакнато на средбата. Дополнителен позитивен ефект врз енергетската диверзификација меѓу Бугарија и Грција ќе биде лансирањето на терминалот за течен гас во близина на Александрополис што се очекува да се случи во 2023 година и во кој Бугарија поседува 20 проценти од акционерскиот капитал на компанијата што ќе го гради и управува.

Софија и Атина сакаат да ја подобрат транспортната поврзаност, вклучително и преку отворање на нови гранични премини, што ќе придонесе Бугарија и Грција да имаат висок потенцијал и успешно да го развијат секторот за информатичка технологија во нивните економии, што создава поволни услови за продлабочување на билатералното партнерство, вклучително и на регионално ниво.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ