Со оваа одлука граѓаните на Северна Македонија, кои имаат регулирано постојан престој на територијата на Данска, веќе од 14 декември ќе можат да управуваат возило со замена на својата возачка дозвола за соодветна данска возачка дозвола, за категорија Б, без услов апликантот да мора да положи контролен возачки испит.
„Конечното решавање на ова прашање за државјаните на Република Северна Македонија во Данска е од голема важност за нив и се надминува еден деценски проблем што го обременуваше нивниот секојдневен живот таму, имајќи ја во предвид и бројноста на нашата дијаспора во Данска. Дипломатијата во служба на дијаспората“, напиша Османи.






