На средбата присуствуваа претседателот на Советот на амбасадори Мухамед Халили, заедно со членовите на ИО на Советот, Љупчо Арсовски и Тихомир Илиевски.
„Врз основа на проценката дека секое претходно политичко и државничко искуство би можело целисходно да се искористи во тој процес. Советот на амбасадори го покани поранешниот македонски претседател да ги изложи своите погледи и идеи во овој контекст, на трибина во организација на ова граѓанско здружение, што се планира за првите месеци од мандатот на идното, француско претседавање со ЕУ“, соопшти Советот на амбасадори.






